Србија се врати од „мртвите“ во последната секунда (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Словенија беше на чекор до пласман во 1/8 финалето и победа над Србија, но во последната секунда прими гол од Србија, и така одигра само 1:1. Словенците водеа во последните 20 минути, но „џокерот“ Лука Јовиќ успеа да постигне гол.

Не се повтори средбата од 2000 година која заврши 3:3 кога станува збор за резултатот, но како се одвиваше резултатот, беше идентично. И тогаш Словенците водеа со 3-0, а потоа Србија (тогаш Југославија) стигна до 3-3.

Србите беа шокирани во 69. минута, откако повлече Словенија контра до левата страна, а Елшник ја упати топката до Карничник, кој беше осамен на другата страна, и ја спроведе топката во голот на Рајковиќ.

Србија имаше веднаш шанса, погоди и пречка, претходно не реализираше и неколку добри шанси, за на крајот, на последнито корнер од средбата, по кој судиите требаше да досудат крај, Јовиќ највисоко скокна и успеа да ја спаси селекцијата на Србија и да ја остави во „живот“ за пласман во следната фаза.

Се вчитува...