УЕФА стопираше трансфер на Манчестер Јунајтед – Ретклиф бесен: Не знам што сакаат да постигнат

Манчестер Јунајтед поради УЕФА остана без посакуваното засилување Жан-Клер Тодибо што наиде на жестока реакција на првиот човек на новото раководство, Сер Џим Ретклиф.

Забраната за трансфер на 24-годишниот стопер доаѓа поради фактот дека и неговиот сегашен тим, Ница е во сопственост на еден од најбогатите Англичани, Ретклиф.

„Ни кажаа дека може да го продадеме на било кој друг клуб од Премиерлигата, но не и на Манчестер Јунајтед. Тоа пред се не е фер за играчот и навистина не гледам што тоа ќе постигне“, изјави Ретклиф за англиските медиуми.

Французинот и самиот посакува трансфер во Манчестер Јунајтед, но извесно е дека до премин на „Олд Трафорд“ барем за следната сезона нема да дојде.

Се вчитува...