Англија прими гол после шест меча во групна фаза на Европско првенство. Данска успеа да израмни со голот на Хјулманд во 34. минута.
Неверојатно е тоа што Англичаните после примен гол повторно се опуштија како на мечот со Србија, само што тогаш Србите не успеаја да го совладаа Пикфорд. Меѓутоа таквата игра им се „одби од глава“ во ова второ коло, откако Хјулманд од далечина успеа да го совлада англискиот голман, и да донесе израмнување.
Ова беше прв гол за Данецот во деветиот настап за својата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА