Најмалку шест играчи уште на самиот старт од мандатот на Џенаро Гатузо во Хајдук ќе го напуштат „Пољуд“. Според хрватските медиуми, нема да бидат продолжени договорите со Дино Микановиќ, Филип Чуиќ и Вадис Оџиџа-Офое.
Освен овие тројца, од клубот ќе си заминат и португалскиот стопер Феро, крилниот напаѓач Леон Дајаку, и мароканскиот офанзивец Јасин Бенраху. Тројцата имаа многу разочарувачка сезона зад себе, и нема да бидат во комбинација за следната сезона.
Македонскиот интернационалец Александар Трајковски засега е сигурен, и ќе биде дел од сплитските „бели“ и во следната сезона. Трајковски имаше одличен финиш на сезоната, каде што постигна неколку гола, меѓутоа на крајот титулата замина во Загреб, во рацете на Динамо каде што играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА