Англичаните го најдоа виновникот за лошата игра, па им се нафрлија на Германците: „Ова е срамно…“ (ФОТО)

Англија, и покрај огромната фаворитска улога која ја ужива на ЕВРО 2024, демонстрираше ново бледо издание и во вториот натпревар на шампионатот во Германија, овој пат во ремито (1-1) со Данска.

Натпреварот, покрај слабите партии на бројните англиски ѕвезди, го одбележа и „неочекуваниот непријател“ кој, според Англичаните, е главниот виновник за нивната слаба игра.

Англичаните се сигурни дека катастрофално лошиот терен во Франкфурт бил кобен по нивната репрезентација. Тие потенцираат дека дел од нивните играчи заработиле и повреди на теренот, кои се надеваат нема да го спречат нивниот понатамошен настап на првенството.

„Тешко е да се игра во такви услови, постои голема опасност од повреда што беше лесно приметливо, не само за актерите, туку за сите на стадионот“ – потенцираат англиските фудбалски аналитичари.

А, и на социјалните мрежи Англичаните не штедат критики за Германците и УЕФА кои дозволиле да се игра на така лош терен.

„Овој терен се распаѓа… Вистинска срамота…. Фарса… Теренот во Франкфурт е бескорисен. Срамно и опасно“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Се вчитува...