Шпанија и Италија играат без голови по првото полувреме во денешното дерби на ЕВРО 2024.
На дуелот во Гелзенкирхен, далеку подобар тим на теренот е Шпанија која беше блиску до водство, но не успеа да искористи три убави можности за погодок.
Наспроти тоа Италија немаше буквално ниту една посериозна акција кон голот на Шпанците, без шут во рамките на голот на Симон.
Италијанците имаа само еден шут, ако може и да се смета како шут, оној на Киеза високо над голот во последната секунда од првиот дел, кој беше апсолутно безопасен по голот на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА