Италијанците конечно шутнаа…, ама кон својот гол: Шпанија води со автогол на Калафиори (ВИДЕО)

Шпанија повеќе од заслужено има предност од 1-0 по само десет минути игра во второто полувреме на дерби-пресметката на денот на ЕВРО 2024.

Шпанците се веќе на пат да си обезбедат осминафинале на Европското првенство, откако поведоа во Гелзенкирхен со автоголот на Рикардо Калафиори во 55. минута.

Италија досега нема шут во рамките на голот на Шпанија, но затоа ете дефанзивецот на Болоња успеа да ја погоди сопствената мрежа за водство на Шпанците од 1-0…

Се вчитува...