Де ла Фуенте прилично самобендисано: Не постојат подобри од нас!

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте не можеше да го сокрие задоволството од синоќешната победа над европски шампион Италија со 1-0.

Де Ла Фуенте прилично самобендисано по мечот истакна дека не постои подобра репрезентација од „црвената фурија“ на ова Европско првенство, и тоа го покажале на теренот.

„Иако доминиравме во сите фази од играта, факт е дека имавме тежок натпревар. Создадовме многу шанси, но не остваривме голема победа. Сепак, победата е најважна, а таа беше повеќе од заслужена како мотив и за сите следни предизвици кои не очекуваа. Ако зборуваме реално, тогаш мислам дека не постои подобра репрезентација од нас“ – рече шпанскиот селектор.

Шпанија веќе обезбеди осминафинале и во третото коло од групната фаза ќе игра против Албанија натпревар за нив без резултатско значење.

Се вчитува...