Една од најголемите италијански фудбалски легенди, Роберто Баџо, добитникот на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен по упад во неговиот дом за време на синоќешниот натпревар меѓу Италија и Шпанија на ЕВРО 2024.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, пет вооружени провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот Италија-Шпанија со своето семејството.
Баџо одлучил да се соочи со нив, па се здобил со повреди во физичкиот конфликт, по што е хоспитализиран и задржан на лекување.
Откако успеале да го совладаат, провалниците го заклучиле него и неговото семејство во плакар а потоа се украдени вреден накит и часовници и голем број други вредни предмети од неговиот дом. Баџо во меѓувреме успеал да се ослободи и да повика полиција, но провалниците веќе заминале од неговиот дом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

