Сега е и официјално: Калиниќ се врати во Црвена Звезда

Црвена Звезда продолжи со засилувањата на играчкиот кадар за наредната сезона, денеска официјализирајќи го трансферот на Никола Калиниќ.

Долгогодишниот српски репрезентативец веќе подолго време беше поврзуван со камбек меѓу „црвено-белите“, а откако реши да си замине од Барселона стана јасно дека враќањето „дома“ е многу блиску. Преговорите вродија со плод, па тој денеска и официјално потпиша тригодишен договор со шампионот на АБА-лигата.

Тој претхoдно настапуваше за Црвена Звезда во сезоните 2014/15 и во 2021/22, освојувајќи дури шест трофеи во црвено-белиот дрес.

Потписот на Калиниќ е трет за Црвена Звезда како ново засилување за сезоната 2024/25, по центарот Плавшиќ од Мега и бекот Кенан од Олимпијакос.

Се вчитува...