Грција без Слукас на олимписките квалификации

Грчката кошаркарска репрезентација нема да може да смета на Костас Слукас за претстојните натпревари на олимпискиот квалификациски турнир во Пиреја. Играчот на Панатинаикос останува надвор од стројот на тренерот Василис Спанулис поради повреда на ногата, официјално соопшти грчката федерација. Слукас нема да може да се опорави навреме за натпреварите на националниот тим.

Искусниот играч минатата сезона со Панатинаикос ја освои титулата во Евролигата и трофејот во грчкото првенство, со што имаше одлучувачки партии за успехот на својата екипа. Неговото отсуство ќе биде тежок удар за амбициите на Грција, која ќе се обиде да се пласира на Олимписките игри во Париз.

Грција мора да ги победи Доминиканската Република и Египет во својата група и потоа би можела да се соочи со Словенија, Хрватска или Нов Зеланд во борба за освојување на турнирот и обезбедување на „виза“ за ОИ.

Се вчитува...