Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси ден после натпрварот со Словенија одржа прес-конференција на која ги искажа своите импресии од вчерашниот меч. Сега Србите ќе мора да ја совладаат Данска ако сакаат да се надеваат на пласман во следната фаза.
Пикси кажа дека ќе дадат се од себе да ја совладаат Данска. Рече дека Данците не се подобри од Србија, и дека не сака тоа да го прифати.
„Нема предавање, одиме до крај. Јас сум убеден дека секој играч ќе ја даде последната капка пот за да стигнеме до бодовите. Дали е Данска подобра од нас? Не. И не сакам тоа да го прифатам“, изјави Пикси.
Тој откри зошто Словенија има повеќе истрчани километри од неговата селекција.
„Словенците трчаа повеќе затоа што ние повеќе ја имавме топката. И кога ние ја имаме топката, тие мора да трчаат за да ја одземат. Затоа тие имаат повеќе километри“, изјави селекторот на Србија и потоа се осврна на тандемот Влаховиќ-Митровиќ.
„Играа на првите два натпревари заедно. Дали можат подобро? Можат подобро, и јас сум убеден во тоа. Знам дека стигнаа многу критики до нив, но верувајте дека секој дава се од себе за победа“, изјави Пикси на крајот порачувајќи на јавноста да веруваат во репрезентацијата и во играчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА