Пикси откри страшни детали: Фудбалер на Србија колабирал во соблекувалната!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси откри дека на полувремето на натпреварот со Словенија, еден негов играч колабирал, и дека морале да го вратат во живот.

Пикси откри дека Павловиќ се онесвестил, но и дека останатите играчи се жалеле на топлото време. Мечот се играше во 15:00 часот во Минхен.

„Павловиќ колабираше, го враќавме во живот. Не му е ништо, туку малку „фолираше“. Многу беше тешко, и Словенците рекоа дека ќе се онесвестат од жештина. Занчи дека никому не било лесно на такво време“, рече Пикси.

Се вчитува...