Состави: Дешамп и Куман со по едно изненадување

Се е подготвено за големата пресметка меѓу Франција и Холандија во Лајпциг, дуел што најверојатно ќе го даде и победникот во групата Д од овој европски шампионат.

Холандскиот селектор Роналд Куман направи мало изненадување, уфрлајќи го во стартниот тим Фримпонг. Десниот бек на Баер Леверкузен ќе има улога на десно крило на вечерашниот натпревар, заземајќи го местото на Ферман, што ќе значи и нешто поповлечена улога за Чави Симонс.

Дидие Дешамп ја разреши дилемата околу настапот на Килијан Мбапе оставајќи го големиот ас на клупата за резерви. Француските медиуми утрово најавуваа дека Мбапе е „фит“ за да биде стартер по повредата на носот против Австрија, па одлуката на Дешамп е изненадувачка за јавноста во татковината. Тој се реши на местото на Мбапе во стартните единаесетмина да го вклучи Чуамени, што ќе значи понапаѓачка улога за искусниот Антоан Гризман на вечерашниот натпревар.

ХОЛАНДИЈА: Фербруген, Дамфрис, Аке, Де Фрај, Ван Дајк, Шутен, Рејндерс, Симонс, Фримпонг, Мемфис.

ФРАНЦИЈА: Мењон, Хернандез, Салиба, Упамекано, Кунде, Рабио, Канте, Чуамени, Гризман, Дембеле, Турам.

Се вчитува...