Баерн Минхен ќе ја продолжи добро познатата традиција да ги засилува своите редови со најдобрите фудбалери од своите ривали, па така веќе се водат разговори за дефанзивецот Тах од шампионот Баер Леверкузен, а баварците според последните информации тргнале во офанзива и по најдобриот фудбалер на Лајпциг, Чави Симонс.
Добра вест за Баерн е што Симонс се врати назад во ПСЖ, но „светците“ веќе ставија до знаење дека не сметаат на него и ќе го пуштат повторно да си замине. Лајпциг се бори за да го врати холандскиот плејмејкер во своите редови, но Баерн е финансиски далеку помоќен во оваа трка. Последните информации говорат дека баварците се многу блиску до договор, и тоа за позајмица на една сезона, но со клаузула за задолжителен откуп наредното лето (јуни 2025) за отштета од дополнителни 70 милиони евра.
Лајпциг нема сили да се вклучи во трката со овие бројки, а понудата на Барселона која исто така е заинтересирана изнесувала само позајмица, без клаузула за задолжителен откуп. Згора на тоа, новиот директор на Баерн, Макс Еберл пред една година го одведе Чави Симонс во Лајпциг, во меѓувреме првиот оперативец се пресели во Минхен, па сега инсистира да го донесе и холандскиот суперталент на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА