Фрли шише кон полицијата, па изеде ќотек што ќе го памети цел живот

Полска игра катастрофално на овој европски шампионат, навивачите се исфрустрирани, а алкохолот придонесе еден од нив да влезе во сериозен конфликт со германската полиција.

Имено, во фан-зоната пред мечот со Австрија еден полски хулиган фрли со шише кон полицајците, по што веднаш следеше одговор. Тројца полицајци тргнаа директно кон него удирајќи го и продолжувајќи со ќотек додека тој лежеше на земја, додека останатите полицајци ги раздвоија останатите навивачи кои се наоѓаа до хулиганот во моментот на пресметката.

Ова е ќотек што Полјакот ќе го памети цел живот, прашање е дали ќе му дојде памет за во иднина да не прави вакви глупости…

Се вчитува...