Ништо не е сменето: Франција не знае да победува без Мбапе

Франција ремизираше 0-0 на вечерашниот дуел со Холандија, пласманот во осминафиналето е практично осигуран, но „триколорите“ мора да се загрижени поради преголемото влијание што Килијан Мбапе го има врз играта и резултатите на овој национален тим.

Мбапе поради скршеницата на носот го следеше целиот меч од клупата за резерви, додека неговите репрезентативни колеги се мачеа не успевајќи да го најдат патот до мрежата на „лалињата“.

Ова беше седми меч во низа на кој Мбапе не е стартер, а Франција не успева да дојде до победата, пет од нив завшија нерешено, а „триколорите“ на два завршија како поразени.

Во една таква ситуација, јасно е зошто Французите се молат Килијан што поскоро да се врати на терените, за да биде максимално подготвен за нокаут фазата од овој европски шампионат…

Се вчитува...