Холандскиот капитен Вирџил ван Дајк беше задоволен од обезбедениот пласман во нокаут фазата од ЕВРО 2024, но и разочаран што „лалињата“ не го добија синоќешното дерби со Франција.
Фудбалерот на Ливерпул во изминатите години имаше многу причини за жалби на судиски одлуки на англиските арбитри на клупски план, сега тоа се префрли и на репрезентацијата откако Стјуарт Алтвел по долго размислување реши да го поништи голот на Чави Симонс поради офсајд ситуацијата во која се наоѓаше Дамфрис.
Десниот бек немаше никакво движење, но англиските судии проценија дека самиот факт дека се наоѓаше крај голманот Мењон е доволно за голот на Чави Симоне да биде поништен.
„Горд сум на начинот на кој игравме, но истовремено и тажен бидејќи мислам дека требаше да стигнеме до победата. Дадовме и гол, тој гол беше чист како солза, голманот немаше никакви шанси да стигне до топката. Сепак, англиските судии на крајот решија да го поништат и не можеме ништо да сториме околу тоа“, истакна Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА