Дешамп: Чист офсајд… Куман: Зошто им требаа пет минути за да го поништат голот?

Спорниот момент од синоќешниот дуел меѓу Холандија и Франција, поништениот голман на Чави Симонс беше главна тема и при изјавите на главните актери на натпреварот.

Францускиот селектор очекувано застана во одбрана на англиските арбитри, тврдејќи дека голот е оправдано поништен.

„Немаше гол. Тоа е чист офсајд, такво е правилото, ако некој фудбалер му пречи на голманот, дури и на неговиот поглед на движењето на топката, тоа е офсајд. Од она што го видов, нема дилема дека е офсајд“, изјави Дешамп по мечот.

Неговиот ривал на спротивната страна, Роналд Куман, имаше поинакво толкување на фудбалските правила.

„Позицијата на Дамфрис е офсајд, но тој воопшто не му пречи на голманот. Кога е таква ситуација, голот треба да биде признаен. Впрочем, се беше очигледно. Зошто им требааа пет минути да го поништат голот, навистина не разбирам“, разочаран беше холандскиот селектор.

Се вчитува...