Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално е нов член на Олимпија Милано откако италијанскиот првак се пофали со трансферот на македонскиот репрезентативец.
Димитријевиќ зад себе има две феноменални сезони во дресот на Уникс Казањ во ВТБ-лигата во кои урна бројни рекорди на ова силно натпреварување. Преселба во Евролигата беше логичен след на настаните, Димитријевиќ во изминатите месеци доби неколку интересни понуди, за на крајот да ја избере онаа од Италија за да му се приклучи на тимот на Еторе Месина.
Потпишаниот договор е на две сезони, до крајот на 2025/26, со можност за продолжување на соработката и по истекот на овој период.
Македонскиот плејмејкер е второто засилување за Олимпија Милано што досега беше официјализирано, по она на Американецот Армони Брукс. Сепак, се очекува италијанскиот тим да донесе најмалку уште две врвни засилувања во текот на летово, ако се знае дека со во завршна фаза преговорите со Џош Нибо од Макаби и со Зек Лидеј од редовите на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА