ВАР поништи гол за Чесите а додели пенал за Грузија за водство на полувремето (ВИДЕО)

Грузија води против Чешка со 1-0 на полувремето во 2. коло од Групата Ф на ЕВРО 2024.

И двете селекции се борат за своите први бодови на европското првенство, одигрувајќи интересно прво плувреме во кое ВАР системот беше клучен „играч“.

Чесите далеку поактивно го почнаа натпреварот, со постојана офанзива, па веќе во 23. минута Хлозек постигна гол, но по ВАР анализата беше утврдено дека играше со рака непосредно пред погодокот поради што голот беше поништен.

Во продолжението, Грузијците како да се созедоа па ја неутрализираа доминацијата на Чесите, низ игра главно на средината од теренот и без поизразени шанси и на двете страни. Па, сето тоа вроди со плод во судиското продолжение кога повторно реагираше ВАР системот. Но овој пат за игра со рака на Чесите во својот шеснаесетник, а доделен пенал и погодок на Микаутадзе од 11 метри за водство од 1-0.

Се вчитува...