Потоп на Турците за само седум минути: Траги-комичен автогол кој ретко се гледа на евро-шампионатите (ВИДЕО)

Португалија по само 30 минути игра има предност од 2-0 против Турција во 2.коло на ЕВРО 2024.

За само седум минути, во 21. и во 28. минута Португалците дојдоа до два гола за „потоп“ на противникот.

Најпрво, во 21. минута по убавата акција од десната страна Бернардо Силва постигна гол за 1-0.

А, потоа траги-комичен автогол на Акајдин во 28. минута, кој го постигна можеби еден од најсмешните автоголови на шампионатите, со аматерски потег кој ретко се гледа на вака големи натпреварувања.

Се вчитува...