Португалија e третиот осминафиналист на ЕВРО 2024, по Германија и Шпанија, откако трумфираше со убедливи 3-0 против Турција во 2. коло од Групата Ф.
За само седум минути уште во првото полувреме, во 21. и во 28. минута Португалците дојдоа до два гола за „потоп“ на противникот.
Најпрво, во 21. минута по убавата акција од десната страна Бернардо Силва постигна гол за 1-0.
Here’s the first one #portugal up 2-0 over Turkey in the #EURo2024 pic.twitter.com/rdGDtC3jds
— Patstradamus 🔮 (@Patstradamus) June 22, 2024
А, потоа траги-комичен автогол на Акајдин во 28. минута, кој го постигна можеби еден од најсмешните автоголови на шампионатите, со аматерски потег кој ретко се гледа на вака големи натпреварувања.
Own goal
Portugal 2-0 turkey
pic.twitter.com/O57y5LiFNB— Joe Foot (@Josh182foot) June 22, 2024
CLASSIC BOBBY FURMINO FINISH THAT IS FROM THE DEFENDER😂😂😂
NO LOOK SHOT INTO HIS OWN NET THIS TIME!
PORTUGAL 2-0 TURKEY pic.twitter.com/fLKYr4r2Cd
— AndreWhatYouDoing (@ManUtdHorrorDay) June 22, 2024
Во второто полувреме, Португалците заокружија на 3-0 благодарение на Кристијано Роналдо, кој доби топка надвор од офсајд позиција и, и покрај тоа што имаше можност сам да се запише во листата на стрелците, се одлучи да го проигра Бруно Фернандеш кој беше пред празна мрежа на Турците за сигурен погодок.
На крај, крајно несебечната реакција за погодок, Роналдо ја заокружи со славје на голот со насочено внимание кон себе, отргнувајќи се и повикувајќи ги соиграчите кон себе…, како најзаслужниот за голот на Бруно Фернандеш.
🚨 GOAL: Turkey 0-3 Portugal!
RONALDO UNSELFISHLY FINDS BRUNO FOR 3-0! 🇵🇹 pic.twitter.com/TK0KVlS8pE
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 22, 2024
Во последното коло од ова група, Турција и Чешка во директна пресметка ќе одлучуваат кој ќе оди во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА