ВИДЕО: Дури четири втрчувања на терен за селфи со Роналдо – Десетгодишно детенце ги освои сите симпатии!

Бројни организациски пропусти на натпреварот меѓу Португалија и Турција во 2. коло од Групата Ф на ЕВРО 2024, ако се суди барем според бројот на втрчување на фановите на терен, среде натпревар.

Дури четири пати беше прекинуван мечот меѓу Португалија и Турција поради „бегство од трибините“ и втрчување на терен на навивачи кои се обидуваат да дојдат до селфи-фотографија со Кристијано Роналдо.

Најсимпатично беше десетгодишното детенце кое успеа да дојде до Кристијано и да ја оствари својата желба за фотографија со еден од најдобрите фудбалер во историјата. Роналдо, исто така, на повеќе од симпатичен начин го прифати момчето кое успеа да дојде до него.

Се вчитува...