Младите македонски ракометарки покажаа и квалитет и карактер, се издигнаа над сите проблеми и вечерва ја совладаа Ангола, успевајќи да обезбедат пласман во Главната фаза од младинскиот мундијал за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје.
Не беше лесно „црвено-жолтите“ да се издигнат по вчерашниот пораз од Исланд, но нашите ракометарки го одиграат најдобриот меч кога беше најважно, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до победата над Ангола, која воопшто не беше наивен противник.
Избраничките на селекторот Јанев ја остварија првата цел со пласманот меѓу најдобрите 16 селекции во младинскиот женски ракомет, па сега без притисок ќе влезат во наредните пресметки од Главната фаза со Португалија и Црна Гора…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА