Италија против Хрватска во последното коло од групната фаза ќе го игра клучниот натпревар околу пласманот во осминафиналето на ЕВРО 2024.
За Италијанците е доволно и реми против „коцкестите“, но според последните информации ќе бидат ослабени во обидите да дојдат до својата цел.
Поради повреда натпреварот ќе мора да го пропушти Федерико Димарко, кој е стандарден во првите 11 кај Лучијано Спалети. „Газета дело спорт“ објави дека Димарко добил удар во десниот лист на мечот против Шпанија, па откриен е хематом поради кој ќе мора да паузира.
Негова замена против Хрватите најверојатно ќе биде искусниот Дармиан, или, пак, Камбиасо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА