Редар не го препозна селекторот на Турција, па Монтела му ја „наби“ акредитацијата во лице (ВИДЕО)

Селекторот на Турција, Виченцо Монтела очигледно беше нервозен пред и по вчерашниот натпревар со Португалија на кој неговата селекција загуби убедливо со 3-0.

Во моментот на обид за влез во просторот за прес-конференции, а притоа не носејќи ја својата акредитација Монтела беше запрен од редар кој не го препозна селекторот на Турција, а само си ја извршуваше својата работа.

Очигледно нервозниот Монтела, најпрво се обиде да му покаже дека е дел од турската експедиција, но во меѓувреме стигна и неговата акредитација, па онака непристојно ја „наби“ во лицето на редарот…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Torwelt ⚽️ (@torwelt)

Се вчитува...