Тензично во таборот на Србија: Навивач се симна зад клупата на Пикси, имаше и пцовки (видео)

Тензично е расположението во српскиот табор, особено меѓу навивачите кои не го кријат разочарувањето што оваа селекција освои само еден бод на првите две средби на овој европски шампионат.

Особено фрустрирачко беше последното реми со Словенија на кое Србите со многу среќа и гол во последната секунда избегнаа пораз, а фановите јасно ставаат до знаење дека очекуваат многу повеќе од своите миленици.

Доказ за тоа е и случката за време на мечот со Словенија кога еден навивач се симна веднаш зад клупата на Србија, по што влезе во жестока дискусија со селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Кормиларот на српскиот национален тим остана смирен и се обидуваше да објасни, да побара поддршка пред клучниот меч со Данска, но навивачот беше бесен.

„Како ги пуштате? Словенците ве е.ат, бре… Човече, па човече“, извикуваше незадоволниот навивач.

Се вчитува...