Пеп Гвардиола не е многу „потресен“ по Европското првенство 2024 кое во моментов се одржува во Германија.
Напорната сезона по новата освоена титула со Манчестер сити, едноставно принудува одмор од фудбалот.
Па, 53-годишниот Гвардиола традиционално овој период си го користи за одмор на југот од Хрватска, во Дубровник. Гвардиола и минатата година беше во Дубровник со своето семејство, а не го пропушти тоа и ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

