„Тадиќ воопшто не е така добар, како што тој си мисли“

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ некако се најде во центарот на вниманието на српската фудбалска јавност поради изјавата по мечот со Англија, кога нагласи дека тој е најдобриот и најподготвен играч на Србија па е изненаден зошто не беше во стартната постава за мечот со островјаните,

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ги премолче неговите констатации, но со нив, пак, не се согласува еден од најпознатите српски тренери, Драгослав Степановиќ.

„Не знам дали Тадиќ треба да игра во стартната постава против Данска. Прашање е дали Стојковиќ треба да го пушти од почетокот на мечот, затоа што тој реално не го покажа она што го тврдеше за себе и што си мисли дека е. Ова е фудбал, и никогаш не се случило од еден играч да зависи цела екипа. Посебно не ако играчот на тој начин се двои од екипата“ – вели Степановиќ.

Србија против Данска го игра клучниот натпревар за пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024. На Србите им е неопходна само победа, а Данците и со реми сигурно одат во елиминациската фаза од шампионатот.

Се вчитува...