Војчех Шчесни по седум години летово ќе го напушти Јувентус, откако полскиот ветеран ги договори сите детали од трансферот во Ал Наср. Амбициозниот клуб од Саудиска Арабија планира да продолжи со трошење богатство за нови фудбалери од Европа, а Шчесни беше втора опција на листата со желби, откако Алисон Бекер од Ливерпул одби да се пресели во Саудиска Арабија.
Полскиот ветеран експресно ги договори личните услови, но бавно одеа преговорите меѓу клубовитe откако Јувентус стави до знаење дека нема намера да дозволи Шлесни да си замине без никаква отштета. Преговорите десетина дена беа во застој, но според најновите информации на „Тутоспорт“ последната рунда разговори вродила со плод, па Јувентус ја прифатил понудата од четири милиони евра од Ал Наср.
Заминувањето на Шчесни е еден од приоритетите за „старата дама“, ако се знае дека Полјакот е еден од најплатените фудбалери во тимот. Впрочем, Јувентус веќе договори нов голман за наредната сезона, и тоа Микеле ди Грегорио, кој летово пристигнува од Монца во позајмица од четири милиони евра, со клаузула за задолжителен откуп следното лето за дополнителни 16 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА