Синер до прва титула на трева

Јаник Синер стана само осми тенисер во историјата што успеал да триумфира на првиот турнир откако е крунисан на чело на АТП-листата. Италијанецот се искачи на врвот по завршувањето на Ролан Гарос, во изминатата седмица настапуваше на турнирот во Хале, каде по голема борба успеа да стигне до шампионскиот трофеј.

Синер во големото финале за противник го имаше Хуберт Хуркаш, во двата сета се играше тајбрејк, но првиот светски рекет беше поумешен во клучните моменти, славејќи со 10-8 во првиот и со 7-2 во вториот сет.

За Синер ова беше четврта титула во оваа 2024 година, прва на трева во кариерата на 22-годишниот Италијанец. Нема дилема дека ова дополнително ќе ја зголеми неговата самодоверба пред настапот на Вимблдон и Олимписките Игри во Париз,  кои го очекуваат Синер во следните два месеца.

Се вчитува...