Германија со многу среќа успеа да остане на чело на групата А на ЕВРО 2024, откако домаќинот со гол во судиското продолжение се спаси од пораз против Швајцарија (1-1). Домашната селекција се наоѓаше на работ на амбисот, но Филкруг беше човекот на одлука откако фудбалерот на Борусија Дортмунд го постигна клучниот гол во 92. минута, на огромна радост на домашните навивачи во Франкфург.
Германците го постигнаа првиот гол на мечот преку Андрик, но истиот беше поништен со ВАР поради прекршок од Мусиала. Клучен момент на мечот беше 29. минута, во која Ендаје најдобро се снајде и го матираше Мануел Нојер.
Германците очекувано целосно ја отворија играта во продолжението, имаа повеќе од поседот на топката, но швајцарската одбрана на чело со голманот Зомер успешно одолеваше на нивните налети се до судиското продолжение. Швајцарците имаат за што да жалат бидејќи при 0-1 имаа две стопроцентни шанси, голот на Варгас за 0-2 беше поништен поади минимален офсајд, додека Нојер маестрално го запре шутот на Гранит Џака.
Ерупција од воодушевување донесе 92. минута, кога „резервистите“ донесоа израмнување за Германија, левиот бек Раум нафрли, а Филкруг со фантастичен удар со глава стрелаше за 1-1, за еден бод и прво место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА