Македонската младинска кошаркарска репрезентација забележа два порази на подготовките во Црна Гора за престојното Европско првенство против истоимената репрезентација.
По поразот од 66-55 во првата контрола во Црна Гора, избраниците на Боро Смилковски претрпеа пораз од 73-58 во вториот натпревар кој го одбележа лошата игра на „црвено-жолтите“ во последната четвртина.
Со 15 поени најрасположен беше Стојаноски, додека како двоцифрен со 11 поени мечот го заврши Бошалески. Шошкиќ додаде 8, Саити 6, Симиќ 4, Иванов 4, Петковски 2, Јакимовски 2, Димитриевски 3 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА