Кристијано Роналдо одигра уште еден феноменален натпревар во својата кариера предводејќи ја Португалија до триумф од 3-0 над Турција во второто коло од Европското првенство во Германија со што Португалците осигураа пласман во нокаут фазата.
Фантастичниот настап на 39-годишникот кој се уште игра во врвна форма го прокоментира и неговиот поранешен соиграч во Манчестер Јунајтед, Гери Невил кој вели дека тој е еден од најдобрите фудбалери што сме ги виделе или ќе ги видиме.
„Не ми се верува дека постигна 895 голови во кариерата. Тоа се чини дека е грешка. Норамлно, знаев дека обично постигнува неколку голови, но да бидам искрен…“, за момент запре Невил пред да продолжи да говори за Роналдо.
„Кај него се е професионализам. Никогаш во кариерата не се подготвувал невнимателно за натпревар. Тој е феномен, еден од најдобрите фудбалери што сме ги виделе или ќе ги видиме. Неговата посветеност и желба за победа се неверојатни, а 895 постигнати голови е на граница на невозможното“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА