По лошата сезона во која не успеа да освои ниту еден трофеј, Партизан се подготвува за целосен ремонт на тимот. Најголем дел од кошаркарите кои важеа за „столб“ на тимот како Пантер и Ледеј заминаа од Белград, а наскоро се очекува да пристигнат нови големи засилувања.
На таа тема говореше и тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ кој на тренерска конференција во Атина одвои време да проговори и за следните предизвици на Партизан.
„На нешто што сум многу горд кога станува збор претходната сезона е тоа што секогаш имавме полна сала. Ние сме тим кој не се следеше само во Евролигата, туку низ целиот свет. Имавме повеќе гледачи од било кој друг. Тоа значи дека тие се секогаш со нас и сигурен сум дека ќе продолжат да ја поддржуваат нашата екипа.
Ќе направиме добар тим и покрај тоа што немаме многу играчи во нашиот ростер сега. Сигурен сум дека претседателот Мијаиловиќ, Савиќ, нашиот спортски директор и јас со стручниот штаб ќе направиме се што е потребно за Партизан повторно да биде на нивото на кое сите сакаме“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА