Репрезентативецот на Унгарија, Барнабас Варга доживеа тешка повреда на натпреварот против Шкотска откако по судар со голманот Ган доби удар со лакт во главата и мораше да биде изнесен надвор од теренот со носилки.
Варга беше пренесен во во клиниката во Штутгарт каде се наоѓа во добра здравствена состојба, но според изјавата на селекторот на Унгарија, Марко Роси за него настапот на Европското првенство е завршен.
„Варга заработи повреда на јаболчната коска и наскоро ќе мора на операција. Не е во животна опасност, но Европското првенство за него е завршено“, откри Роси.
Дваесетидеветгодишниот напаѓач дебитираше за Унгарија изминатата година, а веќе постигна седум голови од кои четири во квалификациите за Евро 2024 и еден на самиот собир во средбата против Швајцарија што е јасно дека ќе биде голем хендикеп за Унгарците кои можат да изборат пласман во нокаут фазата како третопласирана репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

