Германија со проблеми во одбраната во 1/8 финалната пресметка

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман, ќе се соочи со проблеми за осминафиналниот натпревар на ЕВРО 2024 година. Нагелсман сигурно нема да смета на Џонатан Та, кој доби втор жолт картон на средбата со Швајцарија, додека неговиот партнер Антонио Рудигер се пожалил на мала повреда.

Та уште вчера беше заменет и неговото место го зазеде Нико Шлотербек, кој веројатно ќе стартува во осминафиналето, додека ако Ридигер не може, тогаш неговото место би требало да го заземе Валдемар Антон, играчот на Штутгарт.

Германија го чека својот противник во 1/8 финалето, а тоа ќе биде второпласираната селекција од групата Ц, односно тука во игра влегуваат Србија, Данска, Словенија и Англија.

Се вчитува...