Реал Мадрид нема да ја искористи опцијата да го откупи напаѓачот Хоселу, па така голгетерот ќе си замине од клубот.
Нашаѓачот исто така донел одлука да не продолжи со клубот, за кој кажа дека навивал од детството. Постигна 18 голови за Реал Мадрид, меѓу кои и оние два против Баерн Минхен, со кои му обезбеди на својот тим место во големото финале, а потоа се закити со пехарот во Лигата на шампионите.
По доаѓањето на Мбапе и Ендрик, за Хоселу ќе нема место во тимот, па така решил да бара поголема минутажа во друг клуб. Според извештаите од Шпанија, Хоселу би можел да се врати во Еспањол, а исто така во опција се и клуботи од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА