Модриќ ќе игра за Хрватска и после Европското првенство

Се чини дека за хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ова ќе биде последниот настап на Европските првенства, а се шпекулира дека тука ќе стави крај и на својата репрезентативна кариера, но новинарот од Шпанија, Гилем Балагу не смета така.

Тој од извори блиски до Хрватот, јавува дека капитенот на Хрватска ќе продолжи да игра за „коцкастите“ и после завршувањето на ЕВРО 2024, без разлика како ќе заврши за Хрватска.

„Модриќ нема намера да ја заврши својата репрезентативна кариера. Сака да игра на уште едно Светско првенство, и да го зголеми бројот на настапи за својот национален тим“, пишува Балагу.

Тој најави дека Хрватска е пред тешка мисија на ова ЕВРО, и дека се соочува со елиминација ако Хрватите не ги добијат Италијанците вечерва.

Се вчитува...