Кошаркарскиот клуб Партизан по неуспешната сезона во која не освои ниту еден трофеј се одлучи да целосна промена на ростерот. Од клубот заминаа доскорешните лидери Кевин Пантер и Зек Ледеј, а наскоро се очекува да биде официјализирани и нивните замени.
А, во меѓувреме додека се преговара со нови ѕвезди, „црно-белиот“ дрес се очекува да го облече и специјалист за одбрана. Станува збор за Исак Бонга, репрезентативецот на Германија кој последните две сезони ги помина во Баерн Минхен.
Дваесетичетиригодишникот измината сезона забележа просек од 7.2 поени, 4.4 скокови и 1.5 асистенции по натпревар, но неговиот учинок е далеку поголем на самиот терен со оглед на тоа што првенствено важи за фантастичен дефанзивец кој може да покрива повеќе позиции.
Партизан досега официјализираше три засилувања. Тоа се Вања Маринковиќ кој одново ќе го облече дресот на Партизан, како и Ифе Лундберг и Френк Нтиликина, репрезентативците на Данска и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА