Интер е свесен дека може да остане без услугите на Хакан Чалханоглу кој е голема желба на Баерн Минхен па веќе тргна и во потрага по замената за 30-годишниот турски репрезентативец.
Високо на листата на желби се наоѓа Матео Ковачиќ кој веќе и настапуваше за Интер во периодот помеѓу 2013 и 2015 година. Интересно, за Хрватот тоа беше и прв настап на интернационалната сцена од каде подоцна премина во Реал Мадрид па во Челси и Манчестер Сити.
Сепак за реализација на трансферот ќе биде потребно и повеќе од само желбата на Интер со оглед на тоа што Пеп Гвардиола се уште гледа на хрватскиот репрезентативец како еден од позначајните фудбалери во составот.
Во случај да не стигне до потписот на Ковачиќ по можното заминување на Чалханоглу, Интер има и две резервни опции, откриваат италијанските медиуми. Тоа се Холанѓанецот Џерди Шутен и Италијанецот Матео Песина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА