Јанев: Овие девојки можат да играат против секого, криво ми е што не победивме

Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години стигна до голем бод на Мундијалот кој се игра во Скопје откако ремизираше со 28-28 против фаворизираната Португалија.

И покрај сите проблеми со повреди избраничките на селекторот Дарко Јанев покажаа како се игра за националниот дрес – со голема страст, желба и борба па селекторот Јанев не го криеше задоволството по натпреварот.

„Не може да не бидам задоволен од изданието, треба девојките да знаат дека може да играат со секого, дека таа нивна самодоверба мора да ја кренат, дека вредат многу и тоа треба да го користат на позитивен начин. Криво ми е што не победивме, ја имавме победата во наши раце, но тие неколку грешки на крајот од мечот го донесоа овој резултат.

Сепак, браво за борбеноста, ама спортот е таков, мора да се игра до крај 60 минути. Можеби ни фалеше и искуство на овој меч, лимитирани сме со играчи и тешко е да издржиш такво темпо цел меч. Дојде до моментот да се одлучува во последните напади, немавме кислород во глава да го дадеме тој решавачки гол кој ќе не ставеше на чекор до четвртфинале. Сепак, ова е знак дека мора да се ценат и можат многу“, изјави Јанев.

Се вчитува...