Турска ѕвезда Арда Гулер импресираше на почетокот на Европското првенство. Во победата на Турција од 3-1 над Грузија тој постигна спектакуларен гол па фудбалските фанови во оваа држава полудеа по 19-годишниот ас на Реал Мадрид.
Гулер доби само 20 минути во следната средба против Португалија што наиде на разочарување кај турската јавност, а разочарувањето прерасна во бес и закани по животот на италијанскиот селектор Винченцо Монтела откако на социјалните мрежи се појави видео како Италијанецот му го одзема маркерот на Гулер и го тера да тренира сам.
I’m hearing Turkey coach took Arda’s jersey and sent him to train alone before Czechia game. It’s unacceptable if it’s true. pic.twitter.com/j4ZjJeXbGI
— Dr Yash (@YashRMFC) June 23, 2024
Закани по животот на Монтела не се најдоа само на социјалните мрежи туку и во турските медиуми па мораше да „интервенира“ и турската федерација која објасни што е случајот.
Не станува збор за кавга помеѓу Монтела и Гулер, туку 19-годишникот заработил повреда на препоните поради која морал да тренира сам, а не со групата на репрезентативци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА