Николо Мели на големо сопствено разочарување заминува од редовите на Олимпија Милано. Искусниот Италијанец и самиот откри дека сакал да остане дел од италијанскиот клуб, но по краток разговор со тренерот Еторе Месина му било соопштено да бара нова средина.
Голема веројатност е дека таа ќе биде Фенербахче што воедно и ќе претставува камбек на крилниот центар на добро познато место со оглед на тоа што го носеше дресот на истанбулскиот тим од 2017 до 2019 година.
Мели кој има и НБА искуство изминатите две сезони ги помина во Милано бележејќи просек од 7.3 поени, 4.0 скокови и 2.0 асистенции во последната евролигашка сезона. Ова лето се поврзуваше и со премин во Реал Мадрид и Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА