„Орлите“ со НБА ѕвезди ги започнаа подготовките за ЛОИ во Париз (ФОТО)

Српската кошаркарска репрезентација денеска официјално стави почеток на подготовките за престојните Летни олимписки игри кои на крајот на месец јули и почетокот на месец август ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз.

„Орлите“ првиот собир го имаа во белградскиот хотел „Краун плаза“ каде денеска се појавија и најголемите ѕвезди на тимот, Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ на големо задоволство на српските кошаркарски љубители.

Србија натпреварувањето го започнува од групата „Ц“ во која силите ќе си ги одмери со Соединетите американски држави, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Порторико каде најголеми фаворити се селекциите на Литванија и Италија.

Се вчитува...