ПОЛУВРЕМЕ: Фантастичниот Ливаковиќ ја одржува Хрватска во игра, Шпанија е пред третата победа

Шпанија 45. минута ја делат до третата победа на Европското првенство во Германија. Благодарение на голот на Феран Торес во 13. минута „црвената фурија“ има предност од 0-1 во мечот против Албанија, резултат кој не е поволен за нашиот западен сосед.

На натпреварот помеѓу Хрватска и Италија пак мрежите мируваат. Хрватите се подобриот противник во Лајпциг, но Италијанците беа оние кои ја имаа најдобрата шанса на натпреварот. Сепак на врв на својата задача беше голманот Ливаковиќ кој спречи сигурен погодок на Италија со фантастична интервенција.

Се вчитува...