Фудбалскиот федерација на Данска е меѓу казнетите федерации за однесувањето на навивачите на натпреварите од Европското првенство.
По мечот со Англија, Данците се најдоа во ситуација која всушност ни е секојдневие на овие простори – под истрага на УЕФА поради однесувањето на навивачите. Поточно, поради еден специфичен транспарент кој имаше навредлива содржина адресиран кон Европската фудбалска федерација.
Содржината на контроверзниот транспарент не беше објавена, но стигна казната од 10.000 евра. Од ФФ на Данска соопштија дека ќе ја платат казната, но дека нема да застанат тука.
„Ќе ја платиме казната, но најважно ни е да ги идентификуваме навивачите кои го донесоа тој транспарент на стадионот. И да им ја однесеме сметката да ја платат“, изјави претседателот на Данскиот фудбалска федерација, Ерик Брогер Расмусен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА