Кабокло го напушти Партизан поради заостанат долг

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло поднесе барање за раскин на договорот, соопшти неговиот агент.

Кабокло го поднесе барањето поради доцнење на платата.

„Две плати доцнат. Во договорот има период од 30 дена за кој клубот може да доцни со исплатите, но и дека треба да испратиме е-маил во рок од седум дена (од пречекорување на доцнењето) со барање за плаќање. Тоа е она што го направивме, но никој не одговори на нашата е-пошта, ниту пак беа платени парите и – испративме барање да го раскинеме договорот“, изјави менаџерот на Кабокло, Даниел Хазан.

Од Партизан летово си заминаа капитенот Кевин Пантер и Зак Ледеј, а дојдоа Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Френк Ниликина.

Се вчитува...