Новак Ѓоковиќ пред неколку дена официјално започна трка со времето, а крајната цел е учество на Вимблдон. Ѓоковиќ на 5. јуни во Париз го оперираше менискусот на десното колено, а малкумина веруваа дека ќе успее да се опорави за Вимблдон, но закрепнувањето оди побрзо од очекуваното.
Новак во изјава за Би-Би-Си рече дека ќе игра само доколку почувствува дека е блиску до максимумот и дека конечната одлука ќе ја донесе пред ждрепката за третиот гранд-слем турнир во сезоната.
Новак е седумкратен шампион на Вимблдон, а титулата од прошлата година на турнирот кој почнува на 1. јули ја брани Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

